24фудбал

Поранешниот селектор на Македонија, Никола Илиевски Џиџи е нов тренер на Кадино

Второлигашот Кадино го промовираше Никола Илиевски Џиџи за нов тренер на тимот.

Македонија

Кадино се одлучи на тренерска смена бидејќи се наоѓа во опасната зона во Втората македонска лига запад. 

Клубот соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Борис Мицевски и на негово место доаѓа славниот Никола Илиевски Џиџи.

„Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Борис Мицевски му благодариме за се до сега и му посакуваме успех понатаму. А за нов тренер е назначен еден наш познат тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера Никола Илиевски - Џиџи. Фк Кадино му посакува добредојде и многу среќа и успех на новиот тренер“, стои во соопштението на ФК Кадино.

Кадино има амбиција да остане во втората лига и се надева дека искусниот стратег ќе придонесе за подобри резултати во идните натпревари.