24фудбал

Пике: Со ваква игра тешко дека ќе ја освоиме Лигата на шампионите

Проблеми во тимот на Валверде, по поразот кај Леванте последното коло во Примера, Каталонците одиграа очајно реми без погодоци во дуелот на свој терен против Славија Прага во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике вели дека на Каталонците ќе им биде тешко за да се најдат помеѓу главните кандидати за титулата во Лигата на шампионите, односно да изборат место во самата завршница, во случај да не го подобрат нивото на перформансите во периодот кој претстои.

Пике говореше по разочарувачкото реми на „Камп Ноу“ против Славија Прага во четвртото коло од групата „Ф“, каде тимот на Валверде е прв на табелата со осум бода, само бод разлика во однос на второпласираната Борусија Дортмунд, односно четири во однос на Интер.

Ние не играме на начин на кој што посакуваме, меѓутоа, во Примера, но и во Лигата на шампионите сме во добра ситуација на табелата“ изјави Пике алудирајќи на тоа дека во двете конкуренции се први на табелата.

Резултатите не се лоши, можат да бидат подобри, но мораме да бидеме смирени и да се подобриме. Да се игра на едно вакво ниво е многу тешко за нас да ја освоиме Лигата на шампионите. Имавме и претходно одредени периоди каде не игравме добро, како на пример периодот со Луис Енрике, а потоа освоивме тројна титула“ додава дефанзивецот.

Славија Прага се обиде да игра на начин каков што може да ни пречи, ние ги имавме шансите на мечот, меѓутоа топката не сакаше да влезе во голот, резултатите не ни помогнаа последните натпревари, а кога два меча во низа Барселона не победува, луѓето бараат повеќе со оглед на високите очекувања од тимот“ заклучи Пике.