24фудбал

Арсенал во судиското продолжение пропушти победа против Гимараеш (ВИДЕО)

Арсенал беше на чекор до победа на гостувањето кај Виторија Гимараеш, но топчиите уште еднаш ги разочараа своите фанови.

Лига Европа

Арсенал денеска го играше својот меч од Лига Европа, гостуваше во Португалија кај Виторија Гимараеш.

Мечот долго време беше без голови, резултатот беше отворен во 81. минута кога Мустафи погоди со глава за водство на Арсенал од 1-0.

Кога се чинеше дека топчиите ќе дојдат до победа, Дуарте погоди во 91. минута и ги постави конечните 1-1.