24фудбал

Јувентус со гол во судиското продолжение го победи Локомотив во Москва (ВИДЕО)

Даглас Коста со погодок во 93. минута му донесе победа од 2-1 на Јувентус на гостувањето кај Локомотив Москва, Баерн Минхен со 2-0 го совлада Олимпијакос.

Лига на Шампиони

Јувентус освои три нови бода благодарение на погодок во судиското продолжение.

Италијанскиот шампион поведе уште во четвртата минута со гол на Ремзи кој само го потврди погодокот кој требаше да го даде Кристијано Роналдо.

Тогаш можеби се чинеше дека Јуве лесно ќе дојде до трите бода, но во 12. минута Локомотив изедначи преку Миранчук.

Долго време резултатот беше 1-1, и во 93. минута по една одлична акција Даглас Коста погоди за 2-1 и победа на Јувентус.

Баерн Минхен со 2-0 го победи Олимпијакос. Левандовски и Перишиќ постигнаа голови во второто полувреме.