24фудбал

Адеми со гол ја зачини драмата на Максимир, Шахтар со сомнителен пенал во 97. минута си замина од Загреб со бод (ВИДЕО)

Аријан Адеми и Динамо Загреб има за што да жалат откако Македонецот погоди за 3-1 во 89. минута од мечот за потоа Шахтар да постигне два гола во судиското надополнување и со сомнителен пенал во 97. минута да замине со бод од Максимир.

Лига на Шампиони

Динамо Загреб и Шахтар одиграа возбудлив меч со два црвени картони и шест погодока. Речиси сите на Максимир сметаа дека трите бода се осигурани кога Аријан Адеми погоди за 3-1 во 89. минута од мечот. Македонецот искористи една лоша проценка на гостинскиот голман и на втората статива начека едно додавање кое го смести во мрежата на противникот.

Сепак, Шахтар не се предаде и во продолжениеот се избори за голем бод со кој трката за второто место во групата останува отворена. Најпрво Мораеш погоди во 93. минута, за потоа Тете од пенал во 97. минута да изендачи на 3-3.

Претходно, гостите од Украина поведоа во 13. минута со голот на Алан Патрик, за Петковиќ да реализира за 1-1 во 25. минута. Во 74. минута, Моро заработи втор жолт картон и изсклучување во редовите на Динамо, за пет минути подоцна силите да бидат изедначени откако по втор пат во бележникот на судијата влезе и Марлос од Шахтар.

Лука Иванушец во 83. минута реализираше за 2-1 и ја најави драматичната завршница во која домаќините испуштија голема шанса да направат исчекор кон осминафинале.

На вториот меч од Групата Ц, Аталанта стигна до првиот бод откако одигра 1-1 пред своите фанови против Манчестер Сити. Стерлинг погоди за рано водство на гостите, пред крајот на првиот дел Жесус промаши пенал, а казната за ова стигна во 49. минута од мечот кога Пaшалиќ со глава ја затресе мрежата на „граѓаните“ за реми.