24фудбал

Кајл Вокер застана на голот на Манчестер Сити и имаше повеќе одбрани од Едерсон и Браво! (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер бранеше во последните десетина минути од натпреварот против Аталанта и одлично си ја заврши необичната задача.

Лига на Шампиони

На полувремето Пеп Гвардиола го извади голманот Едерсон, а на негово место влезе Клаудио Браво кој во 81. минута направи прекршок надвор од својот шеснаесетник и заработи црвен картон.

Гвардиола во игра го внесе Кајл Вокер и му даде задача да биде голман. Интересна ситуација.

Кајл Вокер одбрани шут од слободен удар на Аталанта. Дефанзивецот имаше една одбрана, за разлика од вистинските голмани на Манчестер Сити, Едерсон и Браво кои немаа ниту една.

Аталанта на мечот упати два удари во рамките од голот на Сити, еднаш даде гол, а еднаш ударот им го одбрани Вокер.