24фудбал

Ремзи му се извини на Роналдо и објасни зошто ја шутна топката на гол линијата (ВИДЕО)

Арон Ремзи му се извини на Кристијано Роналдо откако му го украде голот, тој објасни зошто го направи тоа.

Лига на Шампиони

Кристијано Роналдо по подолго време ќе постигнеше гол од слободен удар, но Арон Ремзи ја удри топката на гол линијата и нему му е препишан погодокот.

„Мислев дека голманот беше поблиску до мене и дека има шанса да ја извади топката. Мојот инстикт реагираше и ја шутнав за да се осигураме дека ќе биде гол. Му се извинив на Кристијано“, изјави Ремзи.

Јувентус со 2-1 го доби натпреварот против Локомотив Москва со гол на Даглас во судиското продолжение.