24фудбал

Запрашан за шпекулациите со Мурињо и критиките на навивачите, Емери даде краток одговор

Се чини дека шпанскиот фудбалски стратег го чувствува силно на себе притисокот од повеќе страни со оглед на лошите резултати на „Топчиите“ изминатиов период, голот на Гимараеш во самиот финиш дополнително го разниша тренерското столче во Арсенал.

Англија

Арсенал нема победа четири меча во низа, и покрај тоа што има одличен распоред, забележа две ремија по ред во Премиерлигата, а синоќа го оствари и третото, меѓутоа во Лига Европа.

Иако имаше водство, сепак Премиерлигашот го прокоцка во самиот финиш од гостувањето кај Гимараеш за да стигне до максимален учинок од четири победи во својата група.

Тренерското столче во Арсенал од поодамна е разнишано, а токму Жозе Мурињо се наведува како можен наследник на Унаи Емери кој е под голем притисок.

Од клубот ги демантираа шпекулациите дека Мурињо имал вечера со директорот на Арсенал, Раул Санлехи, а Емери притиснат од јавноста на кратко ги коментираше шпекулациите со Мурињо, а воедно во ист одговор имаше и порака до критиките од навивачите за последните изданија на тимот.

Јас сум тренерот“ кратко одговори Емери по ремито синоќа против Гимараеш, запрашан за Мурињо и критиките од навивачите.

Дека на Арсенал не му оди како што треба, доволно говори и голот кој синоќа го постигна португалскиот тим во самиот финиш, со оглед на поставеноста на фудбалерите на гостинскиот тим.