24фудбал

Роналдо не беше среќен што излезе од игра, а Сари има објаснување за својата одлука (ВИДЕО)

Шефот на стручниот штаб на „Бјанконерите“ мораше да објаснува зошто ја повлече од игра првата ѕвезда во тимот во моменти кога беше потребен гол од неговиот состав, иако на крајот неговите одлуки се покажаа како исправни.

Лига на Шампиони

Италијанскиот првак Јувентус се помачи да дојде до посакуваната победа кај Локомотив Москва, а со тоа да обезбеди „виза“ во нокаут фазата од Лигата на шампионите, сепак, се уште не е сигурно првото место во групата со оглед на тоа што има предност во однос на Атлетико Мадрид од три бода на две кола до крајот.

Интересно беше на пресметката во Москва, а воедно и неизвесно, меѓутоа шефот на стручниот штаб на гостите, Маурицио Сари повлече три потези од клупата кои во голема мера влијаеа „Бјанконерите“ да стигнат до трите бода.

При резултат 1-1, Сари го повлече од игра Роналдо во 81. минута, а на неговото место го внесе Дибала, за подвлекување е тоа што претходно го повлече Кедира, а во игра го внесе Коста, стрелецот на голот за победа во самиот финиш.

Сепак, Роналдо не изгледаше среќен на одлуката на Сари да го повлече од игра, меѓутоа италијанскиот фудбалски стратег имаше објаснување за својата одлука по мечот.

Роналдо беше лут бидејќи не играше на посакуваното ниво, се плашев дека може да се повреди и преферирав да го повлечам од игра“ појасни Сари.