24фудбал

Нова снимка од нападот врз Озил и Колашинац (ВИДЕО)

Лондонската полиција објави нова снимка од нападот со ладно оружје над фудбалерите на Арсенал кои благодарение на храброста на Босанецот се одбранија и не дозволија да бидат ограбени.

Англија

30 годишниот Ешли Смит и 26 годишниот Џордан Нортовер ја признаа вината во случајот со обидот за грабеж и напад врз фудбалерите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац.

Сепак, обајцата во своите искази навеле дека нивната намера била да ги украдат скапите часовници на фудбалерите, а не автомобилот, овој случај на Островот беше регистриран пред околу два месеци, а сега излезе и ново видео од нападот.

Лондонската полиција објави ново видео на кое јасно се гледа како Колашинац доста ладнокрвно стоеше пред крадците и покрај тоа што кон него имаше вперено голем нож, меѓутоа потоа ситуацијата целосно се менува, па токму Босанецот тргнува кон нив.


Своите казни, двајцата обвинети ќе ги дознаат на рочиштето предвидено да се одржи во текот на утрешниот ден.