24фудбал

Зидан за Бензема: Тој е како Кристијано Роналдо во историјата на Реал Мадрид

Францускиот фудбалски стратег не ги криеше пофалните зборови за својот сонародник и напаѓач во својот состав, го рангираше заедно со Роналдо во историјата на „Кралскиот клуб“.

Шпанија

Карим Бензема погоди на два пати во убедливата победа на Реал Мадрид синоќа пред своја публика од 6-0 над Галатасарај, а со тоа францускиот напаѓач стигна до бројката од 50 погодоци во Лигата на шампионите.

По мечот со турскиот клуб кој мина неславно на „Сантијаго Бернабеу“, Зидан не ги криеше импресиите од Бензема во меч каде младиот 18 годишен Родриго постигна хет-трик, рангирајќи го својот сонародник на ниво на Кристијано Роналдо во историјата на клубот.

Бројките доволно говорат сами за себе, тие што го сакаат фудбалот добро знаат дека тој е квалитетен фудбалер, тој е доста важен дел од нашиот тим, посебно во нападот, одлично работи на теренот“ рече Зидан.

Единственото нешто што се промени по заминувањето на Кристијано Роналдо е тоа што Карим сега е многу природен, тој е татко и многу работи се случија потоа кои се рефлектираа на теренот, среќен сум за него“ додаде тој.

Точно е дека тој ја надмина легендата на клубот како Алфредо ди Стефано, сега тој е како Кристијано Роналдо во историјата на овој клуб“ заклучи Зидан, алудирајќи на 50-те погодоци на Бензема во европските натпреварувања.