24фудбал

Де Лаурентис ќе избрка три ѕвезди од Наполи, а на Инсиње ќе му ја земе капитенската лента?

Според италијанските медиуми, претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис ќе ги казни водачите на бунтот во тимот кои решија да го прекинат карантинот.

Италија

Алан, Дрис Мертенс и Хозе Каљехон ја имале главната улога во бојкотот на играчите на Наполи кои на своја рака одлучија да го прекинат карантинот.

Мертенс и Каљехон чии договори истекуваат по крајот на сезоната, веројатно ќе го напуштат клубот во јануари.

А „Кориере дело Спорт“ пишува дека Алан имал жестока конфронтација во соблекувалната со потпретседателот Едуардо Де Лаурентис, ситуацијата речиси излегла од контрола.

Алан се поврзуваше со ПСЖ во минатото, голема е веројатноста и тој да замине во јануари.

Весникот тврди дека Лоренцо Инсиње ќе ја загуби капитенската лента поради стие овие случувања.

Претседателот Аурелио Де Лаурентис сака да го исчисти составот од бунтовниците, или барем да покаже пример со некои од фудбалерите како би ја вратил контролата над тимот.

Не е исклучено наскоро да се случи и тренерска промена, Карло Анчелоти да замине од Наполи.