24фудбал

Медиумите најавија дека веќе утре ќе го превзеде кормилото на Баерн а од Алианц Арена со порака: Венгер не е опција за нас!

По гласините дека Арсен Венгер ќе биде нов тренер на Баерн Минхен и дека потврда ќе стигне веќе утре, од Алианц Арена за Спорт Билд порачале дека Французинот не е опција за наследник на Нико Ковач.

Германија

Шампионот на Германија во неделата се раздели со Нико Ковач и започна потрага по нов тренер. Низ медиумите кружеа неколку имиња, а можноста да го превзедат големиот Баерн Минхен ја одбија Ерик тен Хаг, Ралф Рангник и Томас Тухел.

Се говореше дека Арсен Венгер  е најсериозен кандидат, денеска одредени извештаи велеа дека паднал договор и веќе утре ќе биде потврден неговиот ангажман. Сепак, од Алинац Арена за Спорт Билд порачуваат дека поранешниот предводник на Арсенал не е опција за наследник на Нико Ковач.

„Арсен Венгер му се јави на Карл Хајнц Румениге во средата и изрази интерес да го превзеде Баерн Минхен. Ние му се заблагодаривме на Арсен Венгер, многу ја цениме неговата работа во Арсенал, но тој не е опција за тренер на Баерн Минхен“ – бил одговроот на „баварците“ за весникот за гласините кои се појавија денеска.