24фудбал

Сколс го коментираше мечот со Партизан и го ’рчна Мурињо: Солшер не е како претходниот тренер, не плаче пред камери

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс вели дека Оле Гунар Солшер е правиот човек за да ги врати „ѓаволите“ на врвот, смета дека Норвежанецот секогаш во прв план го става клубот за разлика од Жозе Мурињо и Луј ван Гал, кои ги гледале сопствените интереси.

Англија

Пол Сколс вечерва беше гостин на БТ спорт и стручен коментатор за дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Партизан во Лига Европа. Тој оваа прилика ја искористи за одново да го ’рчне Жозе Мурињо.

Легендата на Манчестер јунајтед порача дека Оле Гунар Солшер е правиот човек за да ги врати „ѓаволите“ на врвот, смета дека Норвежанецот секогаш во прв план го става клубот, а и доколку има одредени замерки за раководсвото, наместо да плаче пред камерите, оди лице во лице да им ги пренесе примедбите.

„Оле знае што сака, тој е не е човек кој кажува само ДА, сигурен сум во ова. Манчестер јунајтед му е во срцето, очајно посакува да успее и ќе го даде максимумот за да го врати клубот на врвот. Пред него имавме големи имиња за тренер како Луј ван Гал и Жозе Мурињо, но ми се чини дека тие повеќе се грижеа за личните интереси отколку за интересите на клубот“ – вели Сколс.

„Со Оле, знаеме што е негов приоритет. Доколку не е задоволен од Ед Вудворд, оди кај него во канцеларија и му кажува во лице. Не плаче пред камера. Можеби претходните тренери сметаа дека е подобро да се жалат пред камерите, но Оле не работи така“.

„Мислам дека тој е на прав пат“.