24фудбал

Дојде како големо засилување, но брзо си замина, Шкендија и Фелипе се разделија

Беше донесен како големо засилување за тимот, но Хуан Фелипе по само три месеци заминува од Шкендија.

Македонија

Фелипе од Вардар се пресели во Шкендија и тогаш изјави дека ќе игра за најдобриот клуб во Македонија. Бразилецот со голема возбуда потпиша за тетовскиот тим, но неговата авантура таму беше неславна.

Денеска Шкендија потврди дека со взаемна согласност на двете страни го раскинува договорот со Хуан Фелипе.

„ФК Шкендија и бразилскиот фудбалер го прекинаа договорот со взаемна согласност. Шкендија сака да објави дека ја прекинува соработката со фудбалерот Хуан Фелипе. Раководството на клубот и фудбалерот имаа состанок на кој дојдоа до заклучок дека во интерес и на двете страни е договорот да биде раскинат. Шкендија му благодари на Хуан Фелипе за неговиот придонес во црвено дрес во периодот додека беше со нас, му посакуваме успех во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.