24фудбал

Федерацијата сака, селекторот не, Балотели нема да добие повик од Манчини

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија изјави дека добро би било во овој момент Марио Балотели да добие повик од репрезентацијата, но тоа нема да се случи.

Италија

Претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гарвина на почетокот од неделата изјави дека ако Манчини го повика Балотели сега, кога тој е навредуван од фановите на Верона на расна основа, тоа би било исклучителна порака за светот.

Но, „Газета дело Спорт“ тврди дека тоа нема да се случи, Роберто Манчини нема да го викне Балотели бидејќи тој се уште не е во потребната форма за да добие повик.

Италија која веќе обезбеди пласман на Европското првенство 2020, овој месец треба да игра натпревари со Босна и Херцеговина и Аргентина.

Балотели има постигнато само два гола за Бреша откако дојде, а сега ќе треба да се наметне и кај новиот тренер на тимот, Фабио Гросо.