24фудбал

Ангеловски го повика Аврамовски за мечевите со Австрија и Израел, го врати и Ѓорѓев

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска го објави списокот на фудбалери за дуелите со Австрија и Израел, на него се најде и најдобриот стрелец на Вардар, Даниел Аврамовски.

Македонија

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од сезоната во домашното првенство, напаѓачот на Вардар, Даниел Аврамовски се најде на списокот на селекторот Игор Ангеловски за престојните мечеви со Австрија и Израел.

Во репрезентацијата се враќа и играчот на Грасхоперс, Никола Ѓорѓев. 

На списокот се и Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски кои се суспендирани за мечот со Австрија, ќе бидат во комбинација само за дуелот со Израел.

Го нема Аријан Адеми кои влече повреда и ќе ја искористи репрезентативната пауза да ја санира.