24фудбал

Л’Екип со детали за новиот договор на Мбапе и проблемите на „светците“: ПСЖ не може да му даде плата како онаа на Нејмер

Денешното издание на Л’Екип има детали за напорите на ПСЖ да ја продолжат соработката со Килијан Мбапе, весникот вели дека се отпочнати преговори но не е доставена конкретна понуда.

Франција

Изминативе денови често се говореше за иднината на Килијан Мбапе, Французинот е желба на Флорентино Перез и првиот човек на Реал Мадрид има подготвено најмалку 300 милиони евра за потписот на напаѓачот.

Медиумите исто така шпекулираат и за понуда од 250 милиони евра од Ливерпул, но ПСЖ нема лесно да се откаже од младата ѕвезда и не седи со скрстени раце. Ле Парисиен објави дека му е понуден нов богат договор со кој ќе заработува колку Нејмар доколку остане верен.

Л’Екип денеска имаше сторија на оваа тема, го смести Килијан Мбапе на насловната страна, а крај него ги стави Леонардо и Зидан, алудирајќи на изјавите кои ги дадоа двајцата (Зизу на прес истакна дека желба на Мбапе била трансфер во Реал, а спортскиот директор на ПСЖ луто порача да го остават нивниот играч на мира).

Весникот пишува дека раководството на ПСЖ отворило преговори со Килијан Мбапе и неговите агенти, но во моментов нема конкретен предлог на маса. Идејата е да се продолжи договорот на уште неколку години и фудбалерот да добие покачување на платата. Л’Екип исто така појаснува дека ПСЖ не може да му даде на Килијан Мбапе плата како онаа на Нејмар бидејќи Бразилецот како странец подлежи на одредени даночни олеснување и тоа му овозможува да заработува многу повеќе без буџетот на „светците“ да биде дополнително оптоварен.

Л’Екип сепак потенцира дека ова не е толку голем проблем бидејќи Килијан Мбапе и онака заработува добро и парите му се во втор план. Спортскиот аспект е приоритет, желба на играчот е да триумфира во Лигата на шампионите и бара проект кој ќе му го овозможи ова. Па доколку ПСЖ и оваа сезона киксне во најелитното европско натпреварување, Французинот би можел следното лето да се најде на излезни врати.