24фудбал

„Поминав кај Роналдо дома и имаше 10 луѓе кај него во соба, се чудев кои се тие? Што прават тука?“

Рио Фердинанд раскажува како се чудел кога еден ден го посетил домот на Кристијано Роналдо и затекнал 10 луѓе, ЦР7 бил опколен од тим кој се грижел за неговата физичка подготвеност и здравје.

Останато

Легендата на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд има совет за младите спортисти, им порачува да го следат примерот на Кристијано Роналдо или Леброн Џејмс, и доколку се во можност, да вложат во тим на луѓе кои ќе им помогнат физички и психички да бидат максимално подготвени.

Поранешниот дефанзивец раскажа како се чудел кога еден ден го посетил домот на Кристијано Роналдо и затекнал 10 луѓе.

„Со оглед на тоа какви суми се вртат во спортот, младите треба да ги копираат Леброн Џејмс или Кристијано Роналдо. Леброн 17 години е на врвот во НБА, тоа е неверојатно. Кристијано пак има 34 и се уште е на врвот, тој една декада е помеѓу двајцата најдобри фудбалери во светот“ – вели Рио Фердинанд.

„Тој е првиот кој инвестираше во тим. Поминав кај него дома и имаше 10 луѓе во собата. Се чудев кои се тие? Што прават тука? Тој потоа ми рече, ова е мојот кувар, ова е мојот физиотерапевт, ова е докторот и ова е личниот тренер“.

„Двајцата имаат инвестирано многу пари за да го имаат правиот тим околу себе за нивното тело и ум да работат на највисоко ниво константно“.

„Доколку треба да им дадам совет на младите, тоа е следново, доколку имате средства, инвестирајте во себе на ваков начин“.