24фудбал

Бензема би можел да продолжи во Премиерлигата, два клуба пријавуваат сериозен интерес

Бензема има важечки договор со Реал Мадрид до 2021. година, останува дилемата колку во шпанскиот гигант се подготвени да тој си замине, со оглед на фактот што досега не успеаа да пронајдат ниту достојна замена на клупата за него.

Англија

Тотнем и Челси се сериозни во намерите да го обезбедат потписот на францускиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, пренесе „Спортсмоул“ на Островот.

31 годишниот напаѓач игра во феноменална форма во дресот на „Кралевите“ каде е долгогодишен член, во новата сезона постигна девет погодоци, како и пет асистенции во само 14 натпревари во сите конкуренции.

Како што пренесува претходно наведениот медиум, се вели дека обата Премиерлигаши во Бензема гледаат перфектно решение во значително подобрување на нивните состави, а се најавува и „битка“ помеѓу нив во периодот кој претстои на трансфер пазарот, односно очекувањата се дека тие ќе тргнат и со понуди до „Кралскиот клуб“.