24фудбал

Ѕвездите на Барселона со поддршка до Валверде

Расте притисокот врз Валверде по слабите изданија на Барселона изминатиов период, се наведува дека наредните неколку меча ќе бидат клучни во поглед на неговата иднина на клупата на Каталонците.

Шпанија

Ернесто Валверде се соочува со големи критики поради слабите резултати на Барселона во последниов период, меѓутоа, се шпекулира дека фудбалерите на тимот од „Камп Ноу“ имаат голема поддршка до својот тренер.

Според информациите кои пристигнуваат, се вели дека Лионел Меси, како и останатите фудбалери од составот на Каталонците веќе јасно ставиле дознаење дека сакаат Валверде да остане најмалку до крајот од сезоната.

Валверде веќе изгради голема доверба помеѓу ѕвездите на Барселона, а Меси беше тој кој отворено застана зад својот тренер по поразот од Валенсија во финалната пресметка од Копа дел Реј ланската сезона.

Луис Суарез, Серхио Бускетс и Џерард Пике исто така го поддржуваат Валверде, иако наредниот период ќе биде клучен за иднината на Валверде на клупата на Барселона, вклучувајќи го секако и дерби дуелот против Реал Мадрид на 18 декември.

Во меѓувреме, „Ел Цирингито“ пренесе дека шефот на стручниот штаб на Ривер Плата, Марсело Гаљардо е меѓу главните кандидати за клупата на Барселона, меѓутоа се наведува дека Каталонците нема да повлечат никаков чекор во скора иднина.