24фудбал

Продолжува серијата на Челси, падна и Кристал Палас (ВИДЕО)

Шеста победа во низа во Премиерлигата за Френк Лампард и неговите избраници кои имаат фантастични резултати изминатиов период.

Англија

Челси славеше со 2-0 на домашен терен во дуелот против Кристал Палас во првиот меч од денешната програма во рамките на 12 коло од англиската Премиерлига.

Домаќинот имаше апсолутна доминација на градското дерби во Лондон, а гостите не прикажаа некаков отпор за изненадување на „Стемфорд Бриџ“, па иако на полувремето обете мрежи мируваа, во вториот дел од мечот домаќинот погоди на два пати за нови три бода на контото.

Абрахам во 52. минута го отвори мечот на резултатски план за почетно водство на Челси за 1-0, а конечните 2-0 ги постави Пулишиќ во 79. минута.

Со овие три бода Челси сега е на второто место на табелата со пет бода негатива зад лидерот Ливерпул кој утре на домашен терен игра големо дерби против Манчестер Сити.