24фудбал

Клоп: Дали ќе го купиме Мбапе? Зарем постои некој клуб што би можел да го стори тоа?

Хаштагот „Мбапе2020“ беше една доста интересна тема на социјалните мрежи помеѓу навивачите на Ливерпул, особено откако Премиерлигашот ги отвори вратите за влез на гигантот за спортска опрема „Најк“ во клубот, инаку спонзор на младиот напаѓач.

Англија

Шефот на стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп се одзва по шпекулациите кои тимот од „Енфилд“ извесен период се поврзува со ѕвездата на ПСЖ,  Килијан Мбапе.

20 годишниот француски напаѓач од поодамна се шпекулира дека би можел да се пресели во Реал Мадрид, но од тоа остана само шпекулации, барем до овие моменти, а одреден период Мбапе се поврзува со Ливерпул, нешто што е веројатно тешко дека ќе се случи, за што потврди и самиот Клоп.

Да се купи фудбалер од таков калибар е мошне комплицирано, не гледам некој клуб во моментов кој може да го купи Килијан Мбапе од ПСЖ“ рече Клоп на пресконференцијата во пресрет на утрешната мега дерби пресметка против Манчестер Сити на домашен терен во Премиерлигата.

Не гледам таков клуб во моментов, тоа е мое мислење, а ние секако сме инволвирани во групата на тие клубови кои не можат да си го дозволат тоа, тоа е толку лесно за да се потврди“ додаде Германецот.

Добро, да бидам искрен, од спортско гледиште, не постојат многу причини зошто да не го ангажирате, со оглед на тоа за каков фудбалер станува збор, но, на крајот повторно доаѓаме до парите секако, нема шанси, никакви, извинете што ги прекинувам тие шпекулации“ заклучи Клоп.