24фудбал

Тотнем во криза, само бод од дуелот со Шефилд Јунајтед (ВИДЕО)

Тимот на Маурицио Покетино влезе во сериозна криза откако забележа петти меч во низа без победа во Премиерлигата, за Шефилд Јунајтед веројатно ова е голем бод од гостувањето кај фаворитот.

Англија

Тотнем и Шефилд Јунајтед ги поделија бодовите играјќи реми со резултат 1-1, а обата погодоци беа постигнати во второто полувреме, откако во првото мрежите на обете страни мируваа.

Сон во 58. минута го доведе тимот на Тотнем во почетно водство од 1-0, меѓутоа Балдок во 78. минута израмни на 1-1 а со тоа беше поставен и конечниот епилог на пресметката во Лондон.

Тотнем со освоени 14 бода се наоѓа во долниот дел од табелата, поточно на 12 место, Шефилд Јунајтед со пет бода повеќе се наоѓа на делба на петтото место заедно со Арсенал.

Од останатите натпревари кои се играа во стандардниот термин од 16 часот, Барнли со 3-0 беше подобар од Вест Хем на домашен терен, а Њукасл со пресврт славеше пред своја публика над Борнмут со 2-1, Евертон обезбеди гостинска победа кај Саутемптон со 1-2.