24фудбал

Барела со прекрасен гол му донесе големи три бода на Интер против Верона (ВИДЕО)

Интер со пресврт во второто полувреме дојде до победа од 2-1 против Верона запишувајќи три бода значајни бода во битката за Скудетото.

Италија

Натпреварот почна лошо за Интер, Вере уште во 19. минута од пенал донесе водство на Верона од 1-0.

Гостите подолго време имаа водство, конечно во 65. минута Весино со глава реализираше за израмнување на 1-1.

На седум минути пред крајот Барела со прекрасен гол му донесе победа на Интер од 2-1.