24фудбал

Хет-трик на Меси за убедлива победа на Барса, и Реал Мадрид покажа моќ (ВИДЕО)

Барселона со 4-1 го победи тимот на Селта на Камп Ноу, уште поубедлив Реал Мадрид кој со 4-0 славеше на гостувањето кај Еибар.

Шпанија

Меси беше херој на Барселона во победа над Селта од 4-1. Аргентинецот постигна три гола, од кои првиот беше од пенал, но вторите два беа прекрасни од слободен удар.

Победата ја завери Бускетс со погодок во 85. минута.

Претходно Реал Мадрид со уште поубедливи 4-0 славеше на гостувањето кај Еибар.

Два гола даде Бензема од кои едниот од пенал Рамос исто така беше прецизен од пенал, а победата ја завери Валверде во вториот дел.

Барселона и Реал Мадрид имаат ист број на бодови на врвот, Каталонците имаат подобра гол разлика.