24фудбал

Премиерлигата излезе со официјално соопштение за играњето со рака на Алекснадер Арнолд

Според Премиерлигата, оправдана е одлуката на главниот судија и на ВАР Манчестер Сити да не добие пенал при играта со рака на Александер Арнолд.

Англија

Пред постигнувањето на водечкиот гол на Ливерпул имаше спорен момент во шеснаесетникот на домаќините кога Александер Арнолд, но и Бернардо Силва играа со рака.

Судијата Мајкл Оливер не досуди пенал во првиот момент, спорната ситуација беше прегледана и од ВАР, но одлуката не беше променета.

Премиерлигата излезе со официјално соопштениет во кое вели: „ВАР ја провери одлуката за играњето со рака на Тренет Александер Арнолд и ја потврди одлуката на теренот дека не ги исполнува условите за намерно играње со рака“.

По мечот и Александер Арнолд беше запрашан за спорниот момент.

„Мислам дека топката можеби удри во мојата рака, но прво го удри Бернардо Силва“, вели фудбалерот на Ливерпул.

Пеп Гвардиола беше бесен по мечот но одби да навлегува во дускусија за пеналот.

„Прашајте ги судиите. Прашајте го Мајк Рајли (главниот на судиите во Англија) и судиите во ВАР собата“, изјави Пеп Гвардиола.