24фудбал

Капело: Да бев на местото на Сари, на Роналдо во соблекувалната ќе му кажев дека треба да има повеќе почит за соиграчите

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело има што да му каже на Кристијано Роналдо по гестот на Португалецот кога беше заменет.

Италија

Роналдо не ја прифати најдобро одлуката на Сари да го повелече од игра во 55 минута од натпреварот. Ѕвездата на Јуве директно замина во соблекувалната, а потоа го напуштил и стадионот пред да заврши мечот.

„Во моментов тој не игра добро и коректна е одлуката да го повлечете од игра“, вели Капело.

„Потребен ви е карактер да ја направите таа замена, но на крајот Сари го доби натпреварот“.

„Фактот што Роналдо не седна на клупата и му рече некои лоши зборови на Сари не остава убава слика“.

„Мора да бидете шампион и кога ќе бидете заменет, не само кога работите одат добро. Тој не игра добро во моментов, но Дибала е во одлична форма“.

„Вистината е дека Роналдо не дрибнал никој во последните три години. Се сеќавам кога тој поминуваше фудбалери претходно. Сега тоа не се случува порано, тоа го прават Даглас Коста и Дибала“.

„Да бев на местото на Сари, ќе го викнев Роналдо во соблекувалната и ќе му кажев дека мора да има почит за соиграчите, и ако сум го извадил од игра тоа е бидејќи сакам да го добијам натпреварот“.