24фудбал

Мурињо: Лампард прави навистина одлична работа во Челси, но...

Жозе Мурињо има пофалби за Челси и Френк Лампард, но вели дека треба да почнат да играат добро и во мечевите против големите клубови.

Англија

Челси има забрана за трансфери во два преодни рока, но синиот тим под водство на Френк Лампард игра фантастично и има освоено повеќе бодови од актуелниот шампион, Манчестер Сити.

Жозе Мурињо многу добро го познава и Челси и Френк Лампард па прашањето за актуелната состојба во тимот беше вистинското за него.

„Во првото коло бев загрижен, и се уште сум загрижен кога станува збор за големите натпревари. Мислам дека работата е фантастична. Децата влегуваат во првиот тим и се прилагодуваат неверојатно добро покрај играчите од највисока класа како што се Вилијан и Канте“, вели Мурињо за „Скај Спортс“.

„Мислам дека Френк прави навистина, навистина одлична работа. Но тие загубија два пати од Манчестер јунајтед, загубија и дома од Ливерпул. Примија четири гола од Ајакс и многу, многу сум љубопитен како ќе одигра Челси во следниот меч на Етихад“.

„Сакам да видам дали нашле голема емпатија меѓу играњето на добар фудбал и прагматизам кој мора да го имаат најголемите тимови за да играат против најголемите тимови“.

„Кога ќе го пронајдат тоа мислам дека ќе имаат одличен тим за во иднина. Не верувам дека ќе финишираат во топ два во лигата, но верувам дека имаат многу сериозни шанси за завршат во топ четири“.