24фудбал

Шпанија и го продаде Суперкупот на Саудиска Арабија за 40 милиони евра, клубовите веднаш се испокараа за пари

Суперкупот на Шпанија ќе се игра во нов формат, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во следните три години а новата соработката на федерацијата треба да и донесе 120 милиони евра.

Шпанија

ФФШ реши Суперкупот да добие нов формат, наместо пресметка на шампионот и освојувачот на купот, сега ќе учествуваат четири екипи, ќе има полуфинале и финале. 

Исто така, натпреварите ќе се играат во странство, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2020, 2021 и 2022 а новата соработка на федерацијата ќе и донесе околу 40 милиони евра годишно.

Најголем дел од оваа сума ќе добијат клубовите, кои веднаш се испокараа за пари. Валенсија се побуни зошто ќе добие околу 3 милиони евра (плус дополнителна сума во завиност од резултатите) додека Барселона и Реал ќе добијат нешто над 8 милиони евра. Раководството на ФФШ се правда дека причина за ова и исторскиот фактор во формулата за распределба.

Што се однесува до натпреварите, денешната ждрепка ги спои Валенсија-Реал и Барселона-Атлетико Мадрид. Средбите од полуфиналето се закажани на 8 и 9. јануари, а финалето се игра на 12. јануари.