24фудбал

Мајтап за победата на Ливерпул над Сити предизвикал инцидент на тренингот на Англија, за гуша се фатиле Стерлинг и Гомез

Дејли Мејл пишува за тензија на тренингот на репрезентацијата на Англија поради синоќешниот триумф на Ливерпул над Манчестер Сити, Џо Гомез се мајтапел со Рахим Стерлинг па настанала физичка конфротација.

Англија

Возбудливото дерби на Енфилд му прави проблеми на Герет Саутгејт. Англија денеска почна да се подготвува за мечевите со Црна Гора и Косово, и на првиот тренинг дошла до физичка конфротација.

Како што пишува Дејли Мејл, Џо Гомез од Ливерпул се мајтапел со Рахим Стерлинг за триумфот од 3-1, на фудбалерот на Манчестер Сити не му се допаднале кажаните зборови па двајцата се фатиле за гуша.

Двајцата морале да бидат разделени од соиграчите, кои биле прилично шокирани од она што се случило. Гомез и Стерлинг имаа конфротација и во финишот од пресметката помеѓу „црвените“ и „граѓаните“, но тогаш се заврши со вербално кошкање.