24фудбал

За тоа што му делеше заушки на судијата пред пет години, Симеоне нема да биде дел од Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија

Фудбалската федерација на Шпанија денеска го промовираше новиот формат на Суперкупот кој во следните три години ќе се игра во Саудиска Арабија, Диего Симеоне нема да биде дел од премиерното издание зошто треба да одработи казна од 2014 година.

Шпанија

Во 2020, 2021 и 2022, Џеда ќе биде домаќин на Суперкупот на Шпанија. За да ги пречека најдобрите клубови од Ла Лига, Саудиска Арабија плати 120 милиони евра, или околу 40 милиони евра годишно.

За премиерното издание, а можеби и за следните две, љубителите на фудбалот во оваа земја нема да можат да го видат Диего Симеоне крај аут линијата.

Стратегот во 2014 направи голем инцидент против Реал Мадрид, протестираше кај главниот судија, му удри заушка на четвртиот судија, даваше иронично аплауз и на крајот наместо да си отиде во соблекувална, се префрли на трибини. Па доби вкупно осум натпревари суспензија, од кои четири ги одработи во првенствоот на Шпанија, и му останаа уште четири во Суперкупот.

Затоа тој сега нема да може да го води својот тим против Барселона во полуфиналето, ниту пак во евентуалното финале. Тој сигурно ќе го пропушти и Суперкупот на Шпанија во 2021 (доколку Атлетико обезбеди учество), а во зависност од резултатите, постои можност да го прескокне и тоа во 2022.