24фудбал

Ако не ја слушал сопругата, Клоп ќе бил тренер на Манчестер јунајтед, а не на Ливерпул

Поранешниот играч на Ливерпул, Фил Томпсон кој му има правено интервју на Јирген Клоп за „Скај Спортс“ тврди дека благодарение на сопругата на тренерот тој не завршил во Ливерпул.

Англија

Се поизвесно е дека Јирген Клоп на Ливерпул ќе му ја донесе толку посакуваната титула во Премиерлигата која се чека со децении.

Но според Фил Томпсон, приказната можела да биде поинаква ако Клоп не ја послушал својата сопруга.

„Му правев интервју на Клоп за Скај и го прашав дали тој и Ливерпул биле креирани еден за друг. Тој ме погледна и ме праша Зошто?“, вели Томпсон за ТВ2 во Данска.

„Потоа ми кажа дека можел да го превземе Манчестер јунајтед, но неговата сопруга му рекла дека тоа не би бил добар потег“.

„Кога пристигнала понуда од Ливерпул, сопругата му рекла дека тоа е добро решение за него. Има нешто чудно тука. Изгледа како да е создаден за Ливерпул“.

Во тој период кога сопругата му давала совети на Клоп, тој штотуку ја имаше одбрането титулата во Бундеслигата со Борусија Дортмунд и неговиот тим загуби во финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен на Вембли со 2-1.