24фудбал

Мирабели: Роналдо заработува повеќе од Милан...

Поранешниот спортски директор на Милан, Масимилијано Мирабели ја оценува како херојска одлуката на Сари да го извади Роналдо од игра.

Италија

Во италијанските медиуми се уште се пишува за мечот меѓу Јувентус и Милан, особено за Роналдо кој предвреме беше изваден од игра.

Во дел од интервју за „Калчомеркато“, поранешниот спортски директор на Милан ја фали одлуката на Сари да го извади Роналдо и ја оценува како храбра бидејќи Португалецот е играч кој заработува повеќе отколку цел Милан.

Одлуката на Маурицио Сари да го извади Кристијано Роналдо беше херојска, тој одлучи да смени фудбалер кој заработува повеќе од целиот тим на Милан“, вели Мирабели.