24фудбал

Ние за волкот, а волкот на врата: Како Клоп со урнебесна реакција избегна од непријатна средба со Гвардиола (ВИДЕО)

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола учествуваат на форумот на елитни тренери, за малку тие ќе имаа непријатна средба пред микрофоните на новинарите, но Германецот со урнебесна реакција се извади од ситуацијата.

Англија

По жешкото дерби во неделата, Клоп и Гвардиола отпатуваа за Нион за да бидат дел од форумот на елитни тренери кој го организира УЕФА. Двајцата стратези за малку можеа да имаат непријатна средба пред микрофоните на новинарите.

Додека Јирген Клоп даваше интервју, и одговараше на прашање дали разговарал со Пеп Гвардиола по случувањата на Енфилд, Шпанецот се појави во позадина. Сепак, Германецот со урнебесна реакција се извади од ситуацијата и добро ги насмеа сите.