24фудбал

Ниту болка не го спречува Меси, Аргентинецот повреден и даде три гола на Селта?! (ВИДЕО)

Лео Меси во саботата имаше нова партија за паметење, постигна хет-трик против Селта со два гола од слободен удар, а медиумите од Шпанија сега пишуваат дека Аргентинецот имал ситна повреда.

Шпанија

Барселона во саботата ја совлада Селта со 4-1 на Камп Ноу а херој на домаќините по кој знае кој пат беше Лео Меси. Аргентинецот два пати погоди мајсторски од слободен удар, а мечот го заврши со хет-трик.

Медиумите од Шпанија сега пишуваат дека напаѓачот имал ситна повреда. Камерите на Мовистар и емисијата „Ел Диа Деспуес“ неколку пати го уловија фудбалерот со болна гримаса на лицето и како се држи за бутниот мускул на левата нога на загревањето и во текот на мечот.