24фудбал

Лампард очигледно мрази доцнење, откриено е какви казни одредил тренерот на Челси (ФОТО)

Во јавноста излезе листата на казни во Челси за сезоната 2019/2020, Френк Лампард е многу строг кога се работи за доцнење.

Италија

Френк Лампард има импресивен старт на кариерата во Челси, сините и покрај забраната за трансфери играат фантастичен фудбал и редат победи, собраа повеќе бодови и од англискиот шампион.

Една од главните карактеристики на Лампард изгледа е дисциплината. На „Редит“ излезе фотографија од казните на Челси за оваа сезона.

Најголемиот број на казните кои се на листата се однесуваат на доцнењето. Најмалку се толерира доцнење на стартот на тренингот, тој што нема да биде присутен од првата минута ќе треба да плати дури 20.000 фунти.

Една од интересните казни е таа доколку на некој му заѕвони телефонот за време на тимски ручек или состанок ќе треба да плати 1.000 фунти.

Доколку не се пријави болест или повреда пред слободен ден или час и пол пред тренинг, казната е 10.000 фунти.

Казните мора да бидат платени најдоцна за 14 денови, ако не биде испочитуван рокот сумата ќе биде двојно повисока.