24фудбал

Верати за Нејмар: Во еден момент тој сакаше да си замине, но...

Италијанецот тврди дека неговиот соиграч тренира подобро од било кога, додава дека кај Бразилецот постои голема желба да се врати побрзо од што е можно и да му помогне на тимот.

Франција

Нејмар е среќен во ПСЖ и сака да остане во клубот и покрај шпекулациите кои го поврзуваат Бразилецот со враќање во Барселона, тврди неговиот соиграч од редовите на францускиот првак, Марко Верати.

Нејмар постојано се поврзува со враќање во Барселона, меѓутоа извесен период се споменуваше и најлутиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид, сепак, и покрај сите случувања околу него во изминатиот летен преоден рок, тој остана во француската престолнина.

Нејмар е одличен“ изјави Италијанецот за „Телефут“.

Тој сигурно е посреќен кога е на теренот, како и да е, работи одлично. Во еден момент, тој сакаше да си замине, имаше тешки моменти, но, на крајот, остана тука и тренира подобро од било кога, тој навистина има голема желба да се врати побрзо од што е можно за да му помогне на тимот“ додаде Верати.

Нејмар се соочува со повреди и отсуства од натпреварите на ПСЖ, беше инволвиран во само 42 натпревари од можни 88 во „Лиг 1“ по неговиот трансфер од Барселона во ПСЖ во летото 2017. година.