24фудбал

Бркотница во „Серија А“ по потписот на Мертенс

Мертенс беше одличен откако доби нова улога во Наполи под кормилото на Сари, постигнувајќи 34 погодоци во сите конкуренции, останува дилемата околу тоа која ќе биде неговата идна дестинација откако веќе стана јасно дека нема да продолжи со Наполи.

Италија

Милан и Јувентус би можеле да му се приклучат на Интер во трката по потписот на Дрис Мертенс од Наполи, пренесуваат во Италија, откако 32 годишниот белгиски офанзивец влезе во последната година од својот важечки договор.

Во текот на вчерашниот ден во Италија пренесоа дека Интер сериозно ја разгледува можноста да го доведе во своите редови Белгиецот уште во јануарскиот преоден рок, но „Тутоспорт“ тврди дека градскиот ривал на „Нероаѕурите“, Милан е исто така сериозен во своите намери.

Сепак, „Ил Матино“ пренесе дека Јувентус веќе влегол во трката по потписот на Мертенс, а речиси и да нема никакви дилеми во тоа дека Белгиецот би можел да си замине од Наполи уште во зимскиот преоден рок.

Шефот на стручниот штаб на Јувентус, Маурицио Сари добро го познава Мертенс, тие обајцата соработуваа во Наполи, а во текот на сезоната 2016/17, Сари му даде нова улога на Белгиецот во тимот како централен напаѓач.