24фудбал

Давид Виља става крај на фудбалската кариера

Најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација, Давид Виља објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната во Јапонија кога ќе има 38 години.

Шпанија

Виља кој во моментов игра за јапонскиот тим Висел Кобе, објави дека ја завршува фудбалската кариера.

Тој е вистинска фудбалска легенда, го освои Светското првенство во 2010 година, Европското првенство во 2008 година и Лигата на шампионите со Барселона во 2011 година.

Со 59 постигнати гола од 98 натпревари Давид Виља е најдобриот стрелец во историјата на шпанската репрезентација.

„По 19 години како професионалец, одлучив да се пензионирам од играњето фудбал на крајот од оваа сезона. Им благодарам на сите тимови, тренери и соиграчи кои ми овозможија да уживам во оваа кариера од соништата. Благодарност за мојата фамилија која секогаш ме поддржуваше“, напиша Давид Виља на социјалните мрежи.