24фудбал

Роналдо му се јавил на Кјелини за да се извини и да ја објасни реакцијата, капитенот му кажал што треба следно да направи

Од Италија пристигнува информација која вели дека Кристијано Роналдо му се јавил на Џорџо Кјелини за да се извини за инцидентот кој го направи на дуелот со Милан, ЦР7 исто така ја објаснил својата рекција, бил бесен поради замената но и фрустриран поради ситната повреда која го мачи.

Италија

Кристијано Роналдо е во фокусот на медиумите откако во неделата тешко се помири со одлукаа на Маурицио Сари да биде повлечен од игра на стартот од вториот дел. Португалецот нервозно го напушти теренот, му дофрли нешто на тренерот (се претпоставува дека се работи за пцовка) и потоа наместо да седне на клупата, се упати право во соблекувалната. Медиумите исто така пишуваат дека ЦР7 не го дочекал крајот на натпреварот и си заминал дома пред последниот свиреж на судијата.

Напаѓачот нема да добие казна за ова, но раководството на Јувентус ќе разговара со фудбалерот кога тој ќе се врати во Торино по настапите со Португалија.

Од Италија сега пристигнува информација која вели дека Кристијано Роналдо стапил во контакт со Џорџо Кјелини. Паоло Нонмоло, кој важи за добро упатен во случувањата во Јувентус, вели дека Португалецот го побарал капиенот уште во понеделникот наутро. Тој се извинил за однесувањето и тоа што си заминал, објаснил дека бил бесен но и фрустриран што не е 100% фит поради ситната повреда која го мачи. Џорџо Кјелини го прифатил извинувањето, но му порачал на ЦР7 дека ќе мора истото ова да го повтори пред останатите играчи кога ќе се врати. Ваквата информација сепак не е потврдена од поголемите весници и медиуми од „чизмата“.

Во меѓувреме, Тутоспорт го стави Кристијано Роналдо на насловната страна и напиша „Perdonato!“ и пренесе дека соиграчите му простиле на Португалецот. Весникот додава дека можно е ЦР7 да се извини и да го однесе тимот на вечера, но никој во соблекувалната на Јувентус не очекува, ниту пак смета дека е потребен ваков гест.

Поегот на Кристијано Роналдо не ги оставил сите рамнодушни, но никој во соблекувалната не сака да прави голема работа од ова, и сите сакат што побрзо да се заборави оваа епизода.