24фудбал

Гвардиола не е среќен во Манчестер, неговата сопруга си заминала, дали Пеп ќе го исполни ветувањето од пред три години?

Пеп Гвардиола се поврзува со изненадувачко враќање на Алианц Арена, Билд вели дека стратегот повеќе не е среќен во Манчестер, неговото семејство си заминало од Англија откако не успеало да се адаптира на „островото“.

Германија

„Баварците“ се во потрага на нов тренер по разделбата со Нико Ковач, голем број на имиња се поврзуваат со шампионот на Германија, но според пишувањата на Билд, на врвот на листата со желби се три имиња: Ерик Тен Хаг, Томас Тухел и Пеп Гвардиола.

Баерн Минхен нема да брза и нема да отпише никого без разлика колку е тешко и комплицирано сценариото, односно ниту изненадувачко враќње на Пеп Гвардиола, кој е под договор со „граѓаните“ до 2021.

Билд посочува дека стратегот повеќе не е среќен во Манчестер, неговото семејство не успеало да се адаптира на „островото“ и сопругата со дел од децата веќе си заминале и се вратиле во Шпанија.

Тие немале ваков проблем во Германија, каде биле прилично задоволни од животот и се уште поседуваат имот во Минхен. Исто така, Пеп Гвардиола често е во контакт со лидерите на Баерн, и пред неколку месеци го посетил тренинг центарот на клубот.

Весникот исто така потсетува на една изјава на Шпанецот од 2016 кога се збогуваше со Минхен и рече: „Ќе се вратам тука, веројатно како тренер“.