24фудбал

Куман со коментар за гласините кои го поврзуваат со Камп Ноу: Тренерското столче на Барса е опција, но само по ЕП 2020

Роналд Куман се огласи по гласините кои го поврзуваа со кормилото на Барселона, стратегот вели дека тренерското столче на Камп Ноу е опција, но само по крајот на Европското првенство во 2020.

Шпанија

Селекторот на Холандија неодамна призна дека во неговиот договор има клаузула според која може да ја прекини соработката со „лалињата“ доколку добие понуда од Барселона, па често неговото име се споменува како наследник на Ернесто Валверде.

Роналд Куман сега ги прокоментира ваквите гласини, призна дека би можел да го превзеде кормилото на „каталонците“, но само по крајот на ЕП во 2020.

„Тренерското столче на Камп Ноу е опција, би можел да станам тренер на Барселона, но на оваа тема нема да размислувам се до финишот на Европското првенство“ – вели Холанѓанецот.