24фудбал

Роналдо ќе игра за Португалија против Луксембург и Литванија

Селекторот на Португалија, Фернандо Сантош потврди дека Кристијано Роналдо ќе игра на престојните квалификациски натпревари за ЕП 2020.

Италија

Роналдо е во центарот на вниманието во Италија откако нервозно ја прифати замената на Маурицио Сари. Дури и го напушти стадионот пред да заврши мечот.

Од Јувентус имаше став дека Роналдо игра со болка во коленото, но Сантош вели дека тој ќе игра за Португалија.

„Сите сакаат да зборуваат за него бидејќи тој е најголемиот фудбалер во светот. Кристијано е тука, беше повикан, здрав е и ќе игра“, потврди селекторот.