24фудбал

Манчестер Сити со писмо се жали за три судиски грешки на мечот со Ливерпул

Манчестер Сити уште не може да се помири со поразот од Ливерпул, а за загубениот меч прстот е вперен во судијата Мајкл Оливер.

Англија

Манчестер Сити му испратиле писмо на главниот на судиите во Премиерлигата, Мајк Рајли и се пожалиле на три одлуки на Мајкл Оливер.

Како прва и главна грешка сметаат дека е играњето со рака на Александер Арнолд, Манчестер Сити верува дека тие требале да добијат пенал, а од акцијата во продолжение примија гол.

Втората жалба е сметаат дека требало да им биде досуден пенал за кога Рахим Стерлинг бил фаулиран од Садио Мане.

А третата жалба им е исто така со рака на Александер Арнолд овој пат кога Стерлинг шутираше во раката на дефанзивецот.

Манчестер Сити е свесен дека ништо не може да биде променето во врска со нивниот загубен меч, но знае дека со жалбите може да направи притисок врз судиите.