24фудбал

Мурињо објаснува зошто Сити и Ливерпул и без Пеп и Клоп ќе бидат силни

Жозе Мурињо верува дека Манчестер Сити и Ливерпул имаат поставено структура во клубовите со која ќе доминираат уште долги години без разлика кој ќе им биде тренер.

Англија

Во последните години Манчестер Сити и Ливерпул доминираат. Лани Пеп Гвардиола ги освои сите домашни трофеи, а Јирген Клоп триумфираше во Лигата на шампионите.

Мурињо вели дека и двајцата стратези се исклучително добри тренери, но смета дека не е само до нив.

Запрашан зошто Сити и Ливерпул имаат таков успех, Мурињо одговори: „Мислам дека е до структурата на клубовите“.

„Пример видете го Сити: сопственикот, извршниот директор Феран Сориано, фудбалскиот директор Чиги Бегиристан, Пеп Гвардиола, стручниот штаб на Пеп и потоа фудбалерите. Се изгледа хармонично, со емпатија, хемија, квалитет, го делат истиот проект, истите идеи“.

„Ливерпул? Исто така мислам дека Јирген Клоп е во добра позиција. Многу е стабилен. Мислам дека има контрола над неговите полиња. Има поддршка од луѓе кои размислуваат на ист начин, структурата на клубот“.

„Пеп е фантастичен тренер. Клоп е фантастичен тренер. Мислам дека утре и некој од нив да си замине а на негово место да дојде друг врвен тренер, се разбира тој треба да биде на нивно ниво, мислам дека тимот уште би бил на највисоко ниво. Мислам дека перформансите би биле исти“.