24фудбал

Русија одбива да го носи новиот дрес, Адидас го погреши дизајнот и го постави знамето на Србија (ФОТО)

„Зборнајата“ против Белгија и Сан Марино ќе игра во стари дресови, Русија одбива да го носи новиот дрес откако Адидас го погреши дизајнот.

Останато

Репрезентациите полека почнуваат да ги презентираат новите дресови со кои ќе настапат на континенталниот собир во 2020, промоција минатата недела направи и Русија.

Сепак, „зборнајата“ одбива да го носи дресот и за последните два натпревари од квалификациите против Белгија и Сан Марино ќе го носи стариот. Причина е грешката во дизајнот која ја има направено Адидас.

Спорни се боите на ракавите, кои треба да го симболизираат знамето на Русија, но тие се поставено обратно и дизајнот наликува на знамето на Србија.

Германскиот производител на опрема се извини и најави дека ќе ја исправи грешката во најбрзо можно време.