24фудбал

Тонали: Не се плашам што претседателот ме проценува на 300 милиони евра

Големата фудбалска надеж на Италија и играч на Бреша, Сандро Тонали вели дека не е исплашен од тоа што претседателот рече дека не би го продал ниту за 300 милиони евра.

Италија

19-годишниот Тонали го викаат и новиот Пирло, иако тој вели дека повеќе наликува на Гатузо. Извесно е дека нема многу да се задржи во Бреша и се очекува уште следното лето да замине во голем клуб иако претседателот на клубот бара многу за него.

„Тоа што ме споредуваат со Пирло не ме засега, но мислам дека ние сме многу различни, тој има неопислива техника и квалитет“, вели скромно Тонали.

„Јас повеќе се гледам како Гатузо но потехнички од него Тој отсекогаш бил мој идол“.

„Го сакам претседателот Масино Челино многу, и знам дека тој многу ме цени. Одлична личност сум и се надевам дека заедно ќе одиме по добар пат“.

„По мечот против Фиорентина, тој рекол дека не би ме продал ниту за 300 милиони евра, но тоа не ме плаши иако тоа се навистина многу пари“.

„Засега не ме интересира трансфер пазарот, сакаме само да помогнам Бреша да опстане“.