24фудбал

Жиру му кажал ДА на Интер

Според италијанските медиуми, Оливие Жиру и Антонио Конте повторно ќе работат заедно, овој пат во Интер.

Италија

Антонио Конте во Жиру гледа перфектно засилување за нападот на Интер кој треба да ги зголеми опциите во офанзивата.

Жиру не е во плановите на Френк Лампард, тој е трет напаѓач во тимот на Челси, пред него се Абрахам и Батшуаи.

„Газета дело Спорт“ пишува дека двете страни ќе се договорат и Жиру во јануари ќе се пресели во Интер за сума од седум милиони евра. Французинот се согласил на трансфер.

Жиру покажал дека може да биде многу корисен играч за тимот, таков беше за Франција на Светското првенство каде иако не даде гол, имаше голем допринос за трофејот.

Тој постигна пет гола на 44 меча за Челси, но во повеќето од нив влегуваше како замена. Блескаше во Лига Европа кога Челси ја освои под водство на Сари, даде 11 гола во 14 мечеви.