24фудбал

Барди: Мотивирани сме да покажеме дека поразот во Скопје од Австрија беше само лош ден

Пред Македонија се двата последни меча од квалификациите за Европското првенство, најпрво гостуваме кај Австрија, а потоа го пречекуваме Израел.

Македонија

Австрија го нанесе најтешкиот пораз на Македонија во овие квалификациите откако во Скопје победи со 4-1. Енис Барди вели дека тоа ќе биде само дополнителна мотивација за македонските фудбалери да покажат дека тоа било само лош ден.

Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два меча можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Се уште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“, вели Барди.

„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој натпревар. Јас мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4-1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“.

Натпреварот против Австрија го играме на 16. ноември во Виена, три дена подоцна му гостуваме на Израел.


Фото: ФФМ